• вторник, 23 јули 2024

Акција на крајбрежната служба на Грција за спасување мигранти во близина на Крит

Акција на крајбрежната служба на Грција за спасување мигранти во близина на Крит

Атина, 16 мај 2024 (МИА) – Вкупно 42 лица се спасени во акцијата на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел на 27 наутички милји југозападно од островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Операцијата е во тек за пронаоѓање на евентуално исчезнати лица.

Според крајбрежната служба, 40 лица биле спасени од бродови што се наоѓале во близина, а останатите двајца со помош на хеликоптер на воената морнарица биле извлечени од морето и пренесени на Крит.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека мигрантите побарале помош од италијанскиот центар за пребарување и спасување, по што италијанските ги информирале грчките власти.ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан