• петок, 05 декември 2025

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун

Атина, 29 јуни 2025 (МИА) – Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун - Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Камионот со кој управувал 34-годишниот македонски државјанин, вчера кусо по 16 часот се судрил со автомобил во кој се превезувало четиричлено семејство, а животот го загубија 44-годишен маж и неговиот 13-годишен син, додека пак сопругата и другиот син на возраст од девет години се полесно повредени.

По несреќата, за извлекување на патниците интервенираше противпожарната служба со девет пожарникари и три возила, како и службата на брзата помош од Солун со две возила, седум спасувачи и еден лекар.

Според информациите на МИА од Грција, возачот на камионот откако беше уапсен бил изведен пред јавен обвинител и со усна наредба на обвинителот бил ослободен. ср/вг/

Фото: Архива МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан