• четврток, 23 мај 2024

Столтенберг ја почнува западнобалканската турнеја, во вторник доаѓа во Скопје

Столтенберг ја почнува западнобалканската турнеја, во вторник доаѓа во Скопје

Брисел, 19 ноември 2023 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе отпатува за Сараево, како прва етапа од неговата турнеја низ четири земји од Западниот Балкан, во чии рамки во вторник попладне ќе пристигне во Скопје, каде покрај средби со највисоките претставници на властите на земјата, ќе се сретне и со лидерите на земјите членки на Алијансата од регионот, јави дописникот на МИА од Брисел.  

Како што соопшти НАТО, турнејата низ регионот Столтенберг ќе ја започне со работна вечера со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, а утре ќе има средби со високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, Кристијан Шмит и со претседавачката со босанскохерцеговскиот Совет на министри Борјана Кришто. По овие разговори, Столтенберг во седиштето на НАТО во Сараево ќе има средби и со воените лидери и со претставници на меѓународната заедница во БиХ.  

Од Сараево, првиот човек на Алијансата утре попладне ќе отпатува за Приштина на средби со претседателката и со премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти. 

Секогаш кога сме работеле заедно со партнерите, имало резултати. Ќе продолжиме да работиме заедно, бидејќи сите оние кои се против Косово, се и против НАТО. Нападот врз војниците на КФОР покаТој потоа ќе ја посети и Командата на силите на НАТО во Косово, каде што ќе се сретне со командантот на КФОР, генерал-мајорот Озкан Улуташ и со директорот на Советодавниот тим за врски на Алијансата, бригадниот генерал Кристијан Лудевиг фон Хамерштајн, а ќе има и обраќање пред војниците ангажирани во мисијата.  

Во вторник претпладне, Столтенберг ќе престојува во Белград на разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, а ќе се сретне и со српски научници кои ќе му ја претстават технологијата што ја развиле во контекст на научните проекти на НАТО за мир и безбедност.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по синоќешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека НАТО ќе продолжи да го поддржува и обезбедува мирот во рамките на св

Попладнето, генералниот секретар на НАТО од Белград ќе допатува во Скопје, на средби со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.   

Потреба од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија, констатирал

В среда претпладне предвидено е Ковачевски и Столтенберг во Скопје да се сретнат со лидерите на земјите членки на НАТО од регионот – хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Словенија, Роберт Голоб и на Црна Гора, Милојко Спајиќ. сп/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан