• среда, 19 јуни 2024

Столтенберг: НАТО нема да испрати војници во Украина за да не стане дел од конфликтот

Столтенберг: НАТО нема да испрати војници во Украина за да не стане дел од конфликтот

Берлин, 25 мај 2024 (МИА) - Северноатлантската алијанса ќе ја зголеми поддршката за Украина, но нема да испрати војници во земјата за да не стане „дел од конфликтот“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Иако ја зголемуваме поддршката за Украина за да се одбрани, не планираме да испратиме војници на НАТО во Украина, ниту да ја прошириме воздушната одбрана на НАТО во Украина. НАТО нема да стане дел од конфликтот“, рече Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Според него, теоретски би било можно да се соборат руски ракети од териториите на Полска или Романија со помош на „Патриот“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан