• вторник, 19 ноември 2024

Стерлинг изнуди 20 пенали, најмногу во историјата на Премиер лигата

Стерлинг изнуди 20 пенали, најмногу во историјата на Премиер лигата
Манчестер, 5 декември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Манчестер сити, Рахим Стерлинг заработи пенал на денешниот натпревар со Фулам од 11. коло во Премиер лигата. Во 25. минута дефанзивецот Јоаким Андерсен го фаулираше 25-годишниот Англичанец во казнениот простор. Главниот арбитер Џонатан Мос покажа на белата точка. Ова беше вкупно 20. Пенал досуден врз Стерлинг и тоа е рекорд во Англиското фудбалско првенство. Кевин де Бруин го реализира пеналот, а Сити го доби мечот со 2:0. зс/

Остани поврзан