• петок, 29 март 2024

Српската опозиција го прекина обраќањето на Вучиќ во Парламентот и предизвика инцидент

Српската опозиција го прекина обраќањето на Вучиќ во Парламентот и предизвика инцидент

Белград, 2 февруари 2023 (МИА) - Претставници на српската опозиција, за време на денешната седница во Парламентот, посветена на Косово, предизвикаа инцидент и го прекинаа излагањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за европскиот предлог за решение за односите со Косово.

Говорот на Вучиќ беше прекинуван со извици „Предавство“ и „Косово е Србија“, по што тој ја обвини опозицијата дека таа веќе го дала Косово.

- Го подаривте Косово! Ние го браниме Косово од такви како вас! Срам да ви е, лажговци!“ извика српскиот претседател.

Вучиќ ја обвини опозицијата дека најмногу ракоплескала кога се споменувало името на поранешниот претседател на Србија, Воислав Коштуница.

Во исто време пратениците извикуваа, пееја и свиреа за да го спречат Вучиќ да зборува.

На инцидентот му претходеше говор на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој повика на отфрлање на француско-германскиот план, сакајќи, како што наведе, „да го спречи претседателот да ја предаде Србија“.

Во Собранието на Србија работата беше накратко прекината, бидејќи по вербалниот конфликт меѓу опозицијата и претседателот Вучиќ дојде и до куса физичка пресметка.
 
Помала група луѓе се собрааа пред српскиот Парламент во моментот додека трае седницата за Косово, која, според претседателот на Собранието Владимир Орлиќ, ќе продолжи и по 18 часот. ссм/зш/

Остани поврзан