• петок, 03 мај 2024

Средба на претседателот Пендаровски со eвроамбасадорот Гир

Средба на претседателот Пендаровски со eвроамбасадорот Гир

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир со кој разговараше за политичките случувања во земјата по формирањето на техничката Влада и во пресрет на изборниот процес, како и за можностите за напредок по однос на европските аспирации на државата.

-Реафирмирајќи ја европската интеграција како стратешка цел на државата, претседателот Пендаровски посочи на потребата за задржување на фокусот на реформите од страна на сите чинители во македонското општество, по успешно завршениот скрининг процес, информираат од кабинетот на Пендаровски.

На средбата биле разменети и мислења за перспективите за натамошно продолжување на преговарачкиот процес, прашањата што, како што било нагласено, се очекува да бидат најактуелни во преговорите, како и за конкретните придобивки од процесот.

Во тој контекст било истакнато дека напредокот во интеграцијата на земјите од регионот во Европската Унија позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на регионот. сст/са/ 

фото кабинет на Претседателот

 

Остани поврзан