• понеделник, 01 јули 2024

Средба на Зечевиќ со претставници на НДИ: Проевропското парламентарно мнозинство очекувам дополнително да се зголеми во следниот период

Средба на Зечевиќ со претставници на НДИ: Проевропското парламентарно мнозинство очекувам дополнително да се зголеми во следниот период

Скопје, 15 февруари 2023

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ - Вардарски, денеска се сретна со делегација на Националниот демократски институт НДИ во Македонија, предводена од Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ.На средбата се зборуваше за повеќе актуелни теми во државата, меѓу кои и работата на Собранието и реформскиот процес важен за државата и за евроинтеграцијата. Дополнително, страните разговараа и за внатрепартиската демократија, како и за реформа на изборното законодавство.„Го заокружуваме процесот на зајакнување на парламентарното мнозинство. Тоа ќе влијае на политичка стабилност,  ефикасност на институциите и спроведување на економските реформи. Во наредниот период очекувам проевропското парламентарно мнозинство дополнително  да се зголеми за поддршка на европскиот пат на земјата“, рече Зечевиќ, додавајќи дека прашањето за предвремени парламентарни избори е затворено и дека тие ќе се одржат во 2024 година.Генералниот секретар Зечевиќ му се заблагодари на НДИ за поддршката што оваа реномирана организација и ја дава на Македонија особено во делот на демократизација и поддршка на структурните реформи, во последните три децении.

Центар за комуникации со јавноста - СДСМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Тагови

Остани поврзан