• вторник, 05 ноември 2024

Муцунски - Тигањ: Потврдени пријателските односи меѓу двете земји, со фокус на економската соработка

Муцунски - Тигањ: Потврдени пријателските односи меѓу двете земји, со фокус на економската соработка

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба ги потврдиле традиционално пријателските односи меѓу двете земји, кои во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат со посебен фокус на економската соработка, соопшти МНР.

Тема на разговорите било интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласиле дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки.

Министерот Муцунски изразил благодарност за континуираната и безрезервна поддршка од Хрватска за наше членство во Европската унија. Воедно, била нагласена потребата заеднички и интензивно да се работи во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. дма/ев/

Фото:МНР

Остани поврзан