МНР: Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации
- Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, се наведува во соопштението од МНР.
![МНР: Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации](https://mia.mk/images/20240701140632_big_730x400_27.webp )
Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска соопшти дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации.
- Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, се наведува во соопштението од МНР. цр/дма/
Фото: МИА архива