• петок, 28 јуни 2024

Средба Муцунски - Силвестри: Реализација на зацртаните реформи на државата за членство во ЕУ

Средба Муцунски - Силвестри: Реализација на зацртаните реформи на државата за членство во ЕУ

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Членството на нашата земја во Европската унија е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина, со очекување дека земјава ќе продолжи посветено да ги реализира зацртаните реформи во овој контекст. Ова е констатирано на денешната срдба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

Како што информираат од МНР, на средбата биле поздравени традиционално блиските пријателски и партнерски односи што во изминатите три децении успешно се развиваат, а била искажана и натамошна посветеност за интензивирање на билатералната соработка и меѓусебниот политички дијалог.  

- Министерот Муцунски упати голема благодарност за силната поддршка од Италија за што поскоро заокружување на европската интеграција на земјава, како и поддршката за реформските процеси, соопштуваат од МНР. ир/бак/

Фото: МНР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан