• петок, 22 ноември 2024

Реакција од Села по најавите за укинување на балансерот: Овие игри и штетат на меѓуетничката кохезија и на правата на етничките заедници

Реакција од Села по најавите за укинување на балансерот: Овие игри и штетат на меѓуетничката кохезија и на правата на етничките заедници

Скопје, 28 јуни 2024

Нелегитимната власт започна со имплементација на планот против правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници во државните институции. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го најави првиот чекор кон укинување на Балансер, враќање на процентот само на резидентни лица, со што застапеноста на Албанците повеќе нема да биде 30 отсто, туку се враќа чекор назад на 25 отсто. За да не се задоволи со ова, тој предупредува и на законски измени за целосно укинување на овој механизам, кој е еден од главните столбови на Охридскиот договор.

Во меѓувреме, пред овој опасен и штетен проект за сите етнички заедници во државата, партиите од коалицијата кои ги загубија изборите седат со скрстени раце и затворена уста. Пред очите на партиите кои себеси се нарекуваат Албанци, по две децении од потпишувањето на Охридскиот договор започнува најтешката дискриминација и мајоризација.

Ја повикуваме нелегитимната власт итно да ги прекине овие игри кои и штетат на меѓуетничката кохезија, на правата на етничките заедници и можат да донесат сериозни последици за иднината. Премиерот Христијан Мицкоски, кој прв најави укинување на Балансерот, да не мисли дека сите Албанци се како неговите сервили, кои тој самиот ги избра за послушен партнер во неговите застрашувачки проекти.

Алијанса за Албанците

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан