Димитриеска Кочоска на настан „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“
- Во организација на Фискален Совет на Република Северна Македонија и Finance Think, денеска ќе се одржи настан „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“.

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Во организација на Фискален Совет на Република Северна Македонија и Finance Think, денеска ќе се одржи настан „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“.
Како што е најавено од организаторите, на панелот „Фискалните правила и ефективна фискална политика“, ќе учествуваат министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, претседателот на Фискалниот Совет на РСМ Глигор Бишев.
Презентација на студијата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: патот кон одржливост“ ќе има Благица Петрески, извршна директорка Finance Think - Институт за економски истражувања и политики. цр/са/
Фото: Фискален Совет на Република Северна Македонија и Finance Think