• петок, 22 ноември 2024

Специјални сили на Косово изнесоа документи од трезорот на НБС во Лепосавиќ

Специјални сили на Косово изнесоа документи од трезорот на НБС во Лепосавиќ

Приштина, 9 септември 2024 (МИА) - Специјалните единици на косовската полиција денеска ја изнеле документација од трезорот на Народната банка на Србија во Лепосавиќ. Околу објектот се забележани оклопни возила, а паркирани се и возила на полицијата, јави Косово онлајн.

Вработените од канцеларијата на здружението „Поддржи ме“ за деца со посебни потреби беа видно вознемирени и одбија да дадат изјави пред камерите, наведува порталот. Од нив било побарано да ја испразнат просторијата.

Трезорот на НБС не функционира од мај, кога беа затворени сите објекти на Поштенска штедилница. ссм/

фото: принтскрин косово онлајн

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан