• понеделник, 23 декември 2024

Спасени 52 мигранти во близина на грчкиот остров Крит и уапсени тројца криумчари

Спасени 52 мигранти во близина на грчкиот остров Крит и уапсени тројца криумчари

Атина, 15 август 2024 (МИА) – Крајбрежната служба на Грција спасила 52 бегалци и мигранти кои со гумен чамец пловеле во близина на грчкиот остров Крит и побарале помош, јави дописничката на МИА од Атина.

Спасените, 42 мажи и десет малолетни лица, биле пренесени на пристаништето во градот Ираклио на Крит.

Тројца од групата, на возраст од 16, 18 и 20 години биле идентификувани како криумчари и биле уапсени.

Според она што го кажале спасените, како што соопштија од грчката крајбрежна служба, мигрантите тргнале од либиското крајбрежје кон Грција, при што за превоз платиле по околу 2.000 американски долари. ср/мс/

Остани поврзан