Со низа активности здружението Копачка се подготвува за Јубилејот - 10 Години од орото Копачка во УНЕСКО
- Членови на Фолклорната група Копачка денеска ја посетија Спомен собата на дедо Митко ороводецот на Копачката, во Белчанско маало, село Драмче. Активноста се реализираше во рамки на одбележувањето на Јубилејот 10 години од впишувањето на орото Копачката во УНЕСКО.
Делчево, 4 ноември 2024 (МИА) - Членови на Фолклорната група Копачка денеска ја посетија Спомен собата на дедо Митко ороводецот на Копачката, во Белчанско маало, село Драмче. Активноста се реализираше во рамки на одбележувањето на Јубилејот 10 години од впишувањето на орото Копачката во УНЕСКО.
-На гумното пред неговата куќа, отсекогаш се виело најубавото пијанечко оро фолклорното добро „Копачката“ и токму тука и ден денес бие неговото срце. Овде ние членовите на ЗФГ КОПАЧКА село Драмче, Делчево, во својство на единствени носители на единственото, оро од Македонија во УНЕСКО, изведовме свој концерт на пијанечки изворен фолклор, истакна Претседателката на здружението, Перса Стојановска.
Оваа активност е дел од реализацијата на проектот „Јубилеј 10 години Копачката во УНЕСКО“, субвенциониран од Министерството за култура и туризам, со Националната годишна програма за 2024.
Искажуваме благодарност до министерството за финансиската и другите видови на поддршка, додаде Стојановска.
До крајот на месец ноември како што додаде ќе следуваат уште неколку активности со главниот настан кој ќе се одржи на 27 ноември годинава.
Претходно членовите на здружението Фолклорна група Копачка, на седницата на завршното годишно собрание, разгледа 9 точки на дневен ред, седница на која за доживотен претседател едногласно е избрана Перса Стојановска. вс/сст/
Фото: МИА