• сабота, 22 јуни 2024

Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско

Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска дејствуваше на пожарот на отворено во атарот на село Цер, општина Кичево.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума. мд/мч/

Фото: Принтскрин 

Видео: МВР 

 

Остани поврзан