• понеделник, 23 декември 2024

Започна вакцинацијата против сезонски грип во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес

Започна вакцинацијата против сезонски грип во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес

Велес, 21 октомври 2024 (МИА) – Во ЈЗУ Центарот за јавно здравје во Велес, денеска започна бесплатната вакцинација против сезонски грип.

Како што информираше за МИА епидемиологот Билјана Трајкова, досега се вакцинирале 260 граѓани, додека за утре термини за вакцинација имаат закажано 240 граѓани. 

Таа ги повика оние кои од оправдани причини не можат да се вакцинираат во определениот термин да се јават во нивната установа. 

Трајкова појасни дека станува збор за четиривалентна вакцина infulvak.tetra, од холандскиот производител „Abbot“ и додаде дека Центарот за јавно здравје - Велес располага и со 100 комерцијални вакцини против сезонски грип кои чинат 700 денари. ад/ра

Фото: МИА

 

Остани поврзан