• среда, 03 јули 2024

Сојузните држави во САД ја тужат Мета за нарушување на менталното здравје на младите луѓе

Сојузните држави во САД ја тужат Мета за нарушување на менталното здравје на младите луѓе

Вашингтон, 24 октомври 2023 (МИА) – Група од 33 американски сојузни држави, меѓу кои Калифорнија и Њујорк, денеска поднесоа тужба против Мета за наводно оштетување на менталното здравје на младите луѓе и свесно дизајнирање функции на Инстаграм и Фејсбук што ги прават децата зависни од тие социјални мрежи.

Во тужбата поднесена до судот во Калифорнија се додава дека „Мета“ рутински собира податоци за деца помлади од 13 години без согласност на нивните родители, што е кршење на федералните закони, јавија американските медиуми.

-Децата и тинејџерите страдаат од лошо ментално здравје, а виновни се компаниите за социјални мрежи како Мета, рече њујоршката обвинителка Летиша Џејмс. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан