• вторник, 24 декември 2024

Албански СПАК и француските власти разбија криминална група за шверц на дрога, 19 уапсени и запленета дрога вредна милион евра

Албански СПАК и француските власти разбија криминална група за шверц на дрога, 19 уапсени и запленета дрога вредна милион евра

Тирана, 2 јуни 2023 (МИА) - Албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, во соработка со француските власти разбиена е меѓународна  мрежа за шверц на дрога.

Во рамки на акцијата уапсени се  се 19 членови на групата, од кои 3 во Албанија и 16 во Франција, главно Албанци. Исто така, запленети се и наркотици чија вредност надминува 1 милион евра.

- Од СПАК соопштуваат дека истрагата е започната во 2023 година, за кривичните дела „Трговија со наркотични супстанции“ сторени во посебен облик на соработка на структурираната криминална група, како и за кривичните дела „Структурирана криминална група“ и „ Извршени кривични дела од криминална организација и структурирана криминална група“.

Од обвинителството  појаснуваат дека, „незаконската криминална активност од областа на наркотиците што се одвивала на француска територија, била раководена од албански државјанин кој живеел во Албанија“.

По извршените контроли на албанска територија запленети се 15 возила, 34.270 евра во готово,  1000 швајцарски франци, 180.000 албански леки,  9 мобилни телефони,  3 таблети, 1 камера, документи и SIM картички. Француската полиција запленила 20 илјади евра и 3 возила Запленетата дрога се проценува на милион евра, наведува агенцијата, повикувајќи се на СПАК. вт/

Остани поврзан