• понеделник, 23 декември 2024

Соработка со Израел во областите електронски комуникации и поштенски услуги

Соработка со Израел во областите електронски комуникации и поштенски услуги

Скопје, 17 јануари 2023 (МИА) – Со Израел ќе соработуваме во областите електронски комуникации и поштенски услуги, за што ќе биде потпишан договор, чиј текст денеска го прифатила Владата.

-Владата, на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за информатичко општество и администрација, за извршени преговори со израелската Влада за соработка во областа на електронски комуникации и поштенски услуги и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот, соопшти владината прес-служба.

Како што информираат, овластен е министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити во име на Владата да го потпише Договорот.

-Воспоставувањето соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Државата Израел за соработка во областа на електронски комуникации и поштенски услуги, како што е објаснето од Министерството за информатичко општество и администрација е со цел унапредување на трговските и техничките размени како од економски и социјален аспект, така и во насока на продлабочување на заемните врски за модернизација на електронските комуникациски мрежи, наведува владината прес-служба. лв/дма/

Остани поврзан