• четврток, 02 мај 2024

Соработка и координација меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти

Соработка и координација меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Можности за соработка и идна координација меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, беа темите на разговор на денешната средба меѓу двете институции претставени од Јавниот обвинител  Љупчо Коцевски и претседателот на Комитетот Зоран Илиевски.

- Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат, информираат од ЈО. ир/лв/

 

Фото: ЈО

Остани поврзан