• петок, 22 ноември 2024

Соопштение на СДСМ за инцидентот кај Мавровка

Соопштение на СДСМ за инцидентот кај Мавровка
Скопје, 15 јули 2022 Ниту една лага од Белиот дворец не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и структури на Алијанса за Албанците од Скопје блиска до Арбен Таравари создаваа крвави сценарија за меѓуетнички инциденти.Сите пиштолџии лица кои вперуваа и пукаа со пиштоли во Скопје се пронајдени и се санкционирани и сите до еден се или членови или блиски луѓе до структури на Алијанса.Наместо да прави конструкции, ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да каже Дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио?Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио?Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје?Како што расте нервозата од неуспешното крваво сценарио на Мицкоски, Ковачки и Таравари така се зголемува и продукцијата на лажни вести, манипулации и конструкции од белиот дворец.Нервозни се затоа што и покрај сите нивни обиди за дестабилизација и покрај сите провокации и закани, граѓаните им го свртеа грбот и решија државата да продолжи по европскиот пат.
Центар за комуникации на СДСМ
реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан