• понеделник, 18 ноември 2024

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај.

 На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ известува дека ќе се изведува реконструкција на десната тунелска цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица.

На Р-110, од клучка кај с. Тремник до клучка Демир Капија, од вчера сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува преку автопатот поради градежни работи. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан