• петок, 05 декември 2025

Сообраќајот на патот во изградба Охрид - Кичево на неколку делници со видоизменет режим

Сообраќајот на патот во изградба Охрид - Кичево на неколку делници со видоизменет режим

Охрид, 14 мај 2025 (МИА) – Поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид - Кичево, поставена е девијација на дел од делницата на потезите Песочани-Требеништа и Ново Село-Ботун.

На тие делници сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид.

Истовремено, поради интензивирање на градежните активности на крстосницата и надвозникот кај селото Подмоље, на потегот од селото се до Охрид сообраќајот ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга.

Од СВР – Охрид се апелира до возачите на крајна внимателност при движењето на посочените патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци. аб/аа/

Фото/МИА

Остани поврзан