• вторник, 06 август 2024

Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност

Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 36 степени.

УХМР за наредните денови прогнозира сончево и топло време со појава на попладневна облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

-Повремено и особено на крајот од работната недела ќе има услови во планинските подрачја за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан