• недела, 22 декември 2024

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се средства за платите во јавната администрација согласно колективните договори

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се средства за платите во јавната администрација согласно колективните договори

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Обезбедени се средства за исплата и за зголемување на платите во јавната администрација до крајот на годинава, согласно сите потпишани колективни договори, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Како што истакна на прес-конференција, се што е во рамки на законот во овој момент е обезбедено за јавната администрација.

-Се што е потпишан колективен договор, се е предвидено. Друго е кои се очекувањата, но ние сега обезбедивме средства за се што беше согласно закон, а во исто време имаше и еден куп доспеани обврски. Парцијално беа носени колективни договори и сега има неправеднопст меѓу слични институции во однос на платите. Но, ние правиме напори да направиме праведен систем за сите, а не парцијално да ги решаваме проблемите, рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференција.

Образложувајќи го дополнетиот ребаланс што го усвои Владата, таа истакна дека се проектирани преку 4,1 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за пензии, 800 милиони денари за корисниците на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштитра, една милијарда за ТИРЗ, 1,7 милијарди за субвенции во земјоделство, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за стипендии, како и шест милијарди денари за проекти во општините.

Со дополнувањето на ребалансот кое ќе биде доставено на усвојување во Собранието, се обезедени дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,...

-Се обезбедуваат средства за исплата на плати, како и за набавка на опрема. Меѓу другото во Државната изборна комисија се дополни износ од 350  милиони денари, 147 илјади денари за набавка на опрема во Инспекциски совет, 60.000.000 денари во МВР  за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони  денари се наменети за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138.000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител, информира министерката. мч/са/

Видео/фото: Влада/принтскрин 

 

 

 

 

 

Остани поврзан