Костовски: Љубанци и Љуботен ќе добијат вода, 110 милиони денари за приклучок на градскиот водовод на двете места
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 15 јули 2025
ДЕН ЗА ИСТОРИЈА, ЉУБАНЦИ И ЉУБОТЕН ЌЕ ДОБИЈАТ ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
Почитувани граѓани на општина Бутел,
Денес на барање на општина Бутел, Владата на Република Македонија обезбеди над 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти а тоа е водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен со чиста вода за пиење од градскиот водовод.
Благодарност до Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, до вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски за големата поддршка кои ни ја дадоа за реализација на овој исклучително значаен проект.
Благодарност и до жителите на селата Љубанци и Љуботен кои ни даваат голема поддршка и ја видоа нашата искрена заложба за овој проект конечно да се реализира.
Општина Бутел во изминатиот период работеше на комплетна проектна документација за која издвои над 4.000.000 денари.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: Принтскрин