• петок, 05 декември 2025

Левица ќе има свој кандидат за градоначалник на Скопје

Левица ќе има свој кандидат за градоначалник на Скопје

Скопје, 15 јули 2025 (МИА) - Левица ќе има свој партиски кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, објави лидерот на партијата Димитар Апасиев.

Во интервју за ТВ24, Апасиев кажа дека Левица објавила оглас за кандидати за градоначалници, на кој се пријавиле 20 лица. Нивните апликации ќе почнат да се разгледуваат од утре.

Тој најави и дека ќе поднесат предлог советнички листи во над 50 општини. Очекува Левица да има поголем успех во урбаните средини, но и „валкана изборна кампања“.

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан