• недела, 22 декември 2024

Совети за здрава и трајна врска

Совети за здрава и трајна врска

Лос Анџелес, 17 јyни 2024 (МИА) - За сериозна љубовна врска, постојат повеќе предуслови што треба да се исполнат за сѐ да биде успешно. Стручњакот и советувачка за љубовни состаноци, Сабрина Зохар сподели три совети за успешна, здрава и трајна врска.

Транспарентност

Кога луѓето размислуваат за заедничка иднина, честопати мислат дека треба да се исполнат многу комплицирани барања за да се постигне добра врска. Сепак, ова не е нужно неопходно. Имено, за сериозна и успешна врска има неколку минимални барања, на пр. отворен и искрен однос со партнерот, или партнерката.

- Покажете се онака како што сакате другиот да се покаже. Научете да бидете автентични за да може Вашиот партнер да се вљуби во онаа личност која сте, а не во личноста во која се преправате, вели Зохар.

Не се сите исти

Многумина понекогаш забораваат дека другиот има и различни мислења и интереси и просто не ужива во истите нешта како нив. Ова е причината зошто разбирањето покажано кон другиот е клучно. Советувачката наведува дека тоа не се однесува само на врската со партнерот, туку и за одноот кон себе.

- Важно е да ги прифатите и Вашите грешки и дека може да бидете лоши во некои случаи. Сè додека може да си ги признаете своите недостатоци и да покажете способност да бидете подобри, простувањето само ќе придонесе за поздрава врска, додава Зохар.

Конфликти

Иако ова ќе звучи чудно, но на почетокот на врската треба да се судрите. Тоа не мора да биде остра кавга, туку нека е изразување на сопственото мислење, за да се види реакцијата на партнерот. Зохар наведува дека треба да не се бега од непријатни разговори и случаи коишто може да бидат предизвикувачки, па дури и застрашувачки. Бегајќи, вели таа, си правите лоша услуга и себеси и на Вашиот партнер. си/мс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан