• петок, 26 април 2024

Собрани 74 крвни единици во крводарителска акција во велешката Касарна

Собрани 74 крвни единици во крводарителска акција во велешката Касарна

Велес, 9 април 2024 (МИА) - Вкупно 74 крвни единици беа собрани при денешната крводарителска акција во велешката касарна „Алексо Демниевски - Бауман“. Од нив, 39 лица за првпат даруваа крв, информираа од велешкиот Црвен крст.

Акцијата беше реализирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Командата за обука и доктрини, сместена во велешката Касарна.

Од велешкиот Црвен крст најавија дека поради големиот интерес на припадниците на Армијата, акцијата за крводарување во велешката Касарна ќе продолжи и следниот вторник. ад/бд/

Фото: Црвен крст - Велес

Остани поврзан