• недела, 23 јуни 2024

Собрани 27 крвни единици во крводарителска акција во Македонска Каменица

Собрани 27 крвни единици во крводарителска акција во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 1 јули 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица се одржа крводарителска акција на која хуманите граѓани подарија 27 крвни единици. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен крст Делчево, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
-И покрај топлото време време хуманите каменичани и каменичанки, вкупно 27 на број, се вклучија во денешната крводарителската акција. Нивниот број заедно со останатите од Делчево и Македонска Каменица е доста важен за вкупниот годишен план на крводарување, кој заклучно со крајот на јуни е надминат повеќе од половина, истакнаа организаторите на акцијата.
Од општините од регионот, следната акција е закажана за наредниот четврток во Општина Делчево.
-Акцијата во Делчево ќе се одржи на 7 јули 2022 година, за што упатуваме повик до сите хумани граѓани и редовни крводарители да го остварат своето право и да даруваат од животворната течност, додадоа од Црвен крст Делчево.
Акцијата ќе се одржи во просториите на Општинската организација на Црвен крст во Делчево, со термин од 9:30 часот со времетраење до 14:30 часот. вс/мд/

Остани поврзан