• понеделник, 24 јуни 2024

Големо невреме проследено со дожд и град го зафати тетовскиот регион

Големо невреме проследено со дожд и град го зафати тетовскиот регион

Тетово, 23 јуни 2024 (МИА) - Попладнево Тетово и околината ги зафати големо невреме проследено со силен дожд и град во големина на лешник. Поројниот дожд траеше околу 45 минути и според првичните информации делови од градот се поплавени, а граѓаните апелираат за помош.

-Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. На 112 има повеќе од 200 пријави на штети на возила, вклучително и на скршени ветробрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје-Тетово, особено во делот на општина Желино. Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН, соопштуваат од ЦУК. ас/дма/

Фото: МИА / ЦУК

Остани поврзан