Тешко повреден работник на „Коридорот 8“, од слобода лишен труски државјанин
- Лице од гостиварски Стар Балин Дол здобило тешки телесни повреден додека извршувало градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар - Кичево од „Коридор 8“.
Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Лице од гостиварски Стар Балин Дол здобило тешки телесни повреден додека извршувало градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар - Кичево од „Коридор 8“.
Како што информира МВР, се работи за Р.Н.(29), а случајот во полицијата е пријавен вчера, во 13.05 часот, од Медицинскиот центар - Гостивар каде бил донесен повредениот.
Во врска со настанот, од слобода бил лишен А.М.(31) од Република Турција со привремен престој во Гостивар.
Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мч/мд/
фото: МИА архива