• петок, 22 ноември 2024

Сноуден: Објавувањето за активностите на „проектот Пегаз“ е настан на годината

Сноуден: Објавувањето за активностите на „проектот Пегаз“ е  настан на годината
Москва, 19 јули 2021 (МИА) - Поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден објавувањето на текст за израелскиот софтвер што се користел за шпионирање политичари и новинари во целиот свет го оцени  како „настан на годината“. Весниците Гардијан, Вашингтон пост, Монд и други вчера објавија дека шпионскиот софтвер на НСО Груп Пегаз може да го вклучи фотоапаратот или микрофонот на телефонот и да украде податоци од апаратот без да знае сопственикот. Илјадници новинари и политичари во светот можно е да се шпионирани преку нивните АјФони или Андроид телефони. Пегаз може да се инсталира од далечина и има пристап до ВацАп, до мејловите текстуални пораки, Џи-Пи-Ес податоци и списокот со контакти. Со Пегаз може да се добијат и компромитирачки слики и информации, што може да бидат искористени за уцени. Според медиумите протекувањето на информации од непрофитната група „Забранети приказни“ покажува дека повеќе од 50.000 телефонски броеви биле идентификувани од НСО Груп Пегаз. ми/

Остани поврзан