• сабота, 27 јули 2024

Словенечката претседателка Пирц Мусар во посета на Албанија

Словенечката претседателка Пирц Мусар во посета на Албанија

Тирана, 23 мај 2024 (МИА) - На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, во официјална посета на Албанија денеска ќе престојува претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

- По официјалната церемонија за дочек, ќе следи средба на двајцата државници, проширена средба меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес-конференција на претседателите, информираа од кабинетот на Бегај.

Исто така, Собранието на својата веб-страница најави и одржување пленарна седница по повод посетата на  претседателката Мусар, која ќе се обрати пред пратениците.

За време на престојот во Албанија, се очекува претседателката на Словенија и делегацијата што ја придружува да посетат некои атрактивни туристички места во земјата. вт/паг/

 

Остани поврзан