• среда, 17 јули 2024

Слаб снег на планинскиот превој Ѓавато.

Слаб снег на планинскиот превој Ѓавато.

Скопје, 5 февруари 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

Остани поврзан