Директорот на БЈБ Јанев оствари повеќе билатерални средби на конференцијата на Интерпол во Атина
- Во рамки на вториот работен ден од 52-та Европска регионална конференција на ICPO-INTERPOL што се одржува во Атина, а посветена на „Користењето на експертизата, капацитетите и ресурсите на Интерпол за борба против употребата на нови технологии кои го подобруваат обемот и ефикасноста на транснационалниот сајбер криминал“, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР, Александар Јанев кој ја предводи делегацијата на македонската полиција остварил работна средба со Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза.
Скопје, 3 јуни 2025 (МИА) - Во рамки на вториот работен ден од 52-та Европска регионална конференција на ICPO-INTERPOL што се одржува во Атина, а посветена на „Користењето на експертизата, капацитетите и ресурсите на Интерпол за борба против употребата на нови технологии кои го подобруваат обемот и ефикасноста на транснационалниот сајбер криминал“, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР, Александар Јанев кој ја предводи делегацијата на македонската полиција остварил работна средба со Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза.

На средбата, како што соопшти МВР, било разговарано на повеќе теми почнувајќи од повеќе аспекти од стратешко-оперативните цели на Интерпол, за имплементација на дигиталните алатки на современиот свет низ полициските системи, потоа за отворена и брза комуникација на службите задолжени за спроведување на Законот, како и за придонесот на македонските полициски човечки ресурси и експертизи во тековните и идните активности и операции на најголемата и најстарата меѓународна полициска организација.

- Исто така, директорот Јанев имаше средби и со шефовите на делегации од Јапонија, Германија, Литванија, Турција, Швајцарија и Луксембург, при што генерално фокусот беше ставен на подобрувањето на условите и начините на коишто се градат и одржуваат заедничките соработки. Особено беше нотирано споделувањето на искуствата и знаењата како едни од клучните механизми за подобрување и поедноставување на полициската работа, и секако дигитализацијата на системот, со што несомнено преку таквата модернизација ќе се придонесе до побрзи и поквалитетни резултати и во истрагите и во целокупното полициско работење, соопшти МВР.

Во соопштението се посочува дека македонската полиција била препознаена како кредибилен партнер со силен професионален капацитет и знаење во борбата против сите облици на транснационален криминал.
- Директорот Јанев во разговорите со соговорниците заеднички ги потенцираа предизвиците со кои се соочуваме како служби задолжени за обезбедување на сигурноста на национално и глобално ниво, како и за потребата од поинтензивна размена и пренесување на искуствата и знаењата, дотолку повеќе што заеднички беше констатирано дека безбедноста не само на граѓаните од европскиот континент, туку глобално се осигурува со искрена и интензивна партнерска соработка, соопшти МВР. цр/дма/
Фото: МВР