• четврток, 26 март 2026

Во Струмица доделени 100 вело легитимации и заштитни кациги на деца во рамки на програмата „Вело безбедност“

Во Струмица доделени 100 вело легитимации и заштитни кациги на деца во рамки на програмата „Вело безбедност“

Струмица, 3 јуни 2025 (МИА) - Во рамки на проектот „Струмица - Вело Град“, денеска беше претставена и успешно завршена првата програма од ваков вид во државата - „Вело Безбедност“, насочена кон развој на сообраќајна култура и безбедност на најмладите велосипедисти. Преку оваа иницијатива 100 деца добија вело легитимации - симбол на успешно завршена обука, а на сите учесници им беа доделени и заштитни кациги како потсетник дека безбедноста секогаш треба да биде на прво место, соопштија денеска од Општина Струмица.

-Во програмата учествуваа 100 ученици од шесто одделение кои во текот на 9 дена поминаа низ детална теоретска и практична обука за сообраќајни правила и велосипедски вештини според специјално подготвен Прирачник за велосипедско и сообраќајно образование, подготвен според условите и сообраќајната реалност на улиците во Струмица. Овој прирачник ќе биде доставен до сите основни училишта во општината, со цел да се поттикне континуирана едукација и одржлива велосипедска култура, се наведува во информацијата.

Во Испитниот центар во Струмица била спроведена и финална проверка на знаењата и вештините на учениците, каде над 70 отсто од учесниците освоиле повеќе од 80 поени од вкупни 100, што говори за сериозноста и посветеноста на децата кон оваа програма.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов, кој упати повик за одговорно однесување во сообраќајот кон сите учесници, со посебен акцент на безбедноста на децата, кои согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 273), имаат право самостојно да управуваат велосипед од навршени 10 години.

Како дел од програмата, пред почетокот на забавниот дел, сите велосипеди беа подложени на технички преглед – проверка на сопирачки, гуми, светла, ланец, менувачи, седишта и други сигурносни елементи. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан