• петок, 22 ноември 2024

СКСЗМ побара од Бесими данокот за солидарност да се плаќа на рати и да се продолжи рокот за исплата

СКСЗМ побара од Бесими данокот за солидарност да се плаќа на рати и да се продолжи рокот за исплата

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - Данокот за солидарност да се плаќа на рати и да се продолжи рокот за исплата, побара денеска Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) од министерот за финансии Фатмир Бесими.

Раководството на Комората му испорача на Бесими и други барања: намалување на данокот на добивка на осум отсто, унифицирање на царинските тарифи со земјите од ЕУ и регионот, забрзување на враќањето на ДДВ за микро и малите компании, како и поголема транспарентност во однос на државниот буџет, буџетските ставки и нивното трошење.

На средбата што се одржа во Комората, СКСЗМ  како приоритет ја посочи работната сила. Стави посебен акцент на континуираното барање на СКСЗМ за намалување на придонесите од плата како предуслов за зголемување на стандардот, спречување на емиграцијата и борба против неформалната економија.

Што се однесува до неформалната економија, претседателот на СКСЗМ Менди Ќура и членовите на раководството на СКСЗМ предложија  дигитализација и намалување на трошоците при трансакции по пост терминали, како и соодветен мониторинг од страна на Народната банка во однос на Закон за платежни услуги и платни системи.

-Како столб на работата на СКСЗМ која ja промовираме и бараме да се применува во сите институции од сите нивоа, е транспарентноста и отчетноста. Се бараше поголема транспарентност на буџетот, буџетските ставки и нивното трошење за да се капитализираат сите тековни средства кои ги трошат институциите. Претседателот Ќура побара да има и претставници на СКСЗМ во работното тело за составување на годишниот буџет, со цел да имаме можност да придонесеме во согласност со потребите на бизнисот, наведува СКСЗМ. мч/лв/

фото: СКСЗМ

Остани поврзан