• петок, 17 мај 2024

Сите училишта со ученици од Украина можат да порачаат бесплатен специјализиран буквар

Сите училишта со ученици од Украина можат да порачаат бесплатен специјализиран буквар
Софија, 10 октомври 2022 - Сите училишта во кои се запишани ученици од Украина во новата учебна година можат да нарачаат бесплатен специјален буквар за деца чиј мајчин јазик е различен од бугарскиот. Букварот „Читам со Асја и Јавор“ е создаден од логопеди и јазични експерти и е корисно дополнително наставно помагало кое им помага на децата со различен мајчин јазик побрзо да научат да читаат бугарски. Ова го соопшти фондацијата „Заедно на час“. Во втора реченица да се стави Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    Барањата за бесплатен примерок од букварот се прифаќаат од наставници, училишта, родители и центри за учење и други на веб-страницата prepodavame.bg: https://prepodavame.bg/bsl/

Според податоците на владиниот портал ukraine.gov.bg, во Бугарија пристигнале повеќе од 39.000 деца од пролетта 2022 година. На мнозинството од нив, кои влегуваат во бугарскиот образовен систем во новата учебна година, им треба дополнителна настава и поддршка за учење бугарски јазик.

Бегалската криза од последните месеци предизвика објавување на второто издание на публикацијата. Вклучува 5.000 ученички буквари и алатката „Мои писма“, како и дополнителни наставнички книги. Комплетот едукативни материјали „Читаме со Асја и Јавор“ е резултат на заедничкиот проект „Дали го разбираш јазикот на училиштето“ на здружението „ЕдукАрт“, фондацијата „Заедно на час“ и фондацијата „Доверба за социјална алтернатива“, која се спроведува од 2019 г. Во 2021 година, првото издание на „Читам со Асја и Јавор“ беше распродадено за помалку од еден месец дури и по претходна нарачка. Букварот стигна до над 5.000 ученици во училиштата низ земјата и надвор од Бугарија. Во повратните информации за изданијата, над 95 проценти од наставниците кои го користат букварот гледаат напредок во вештините за читање на децата на бугарски јазик.

Според податоците во бугарските медиуми, секоја година речиси 20 отсто од учениците кои почнуваат на училиште во Бугарија зборуваат различен мајчин јазик од бугарскиот (главно ромски и турски, но и други јазици). Според наставниците, потребна им е дополнителна јазична поддршка за да поминат добро по сите предмети.

„Учењето бугарски јазик на деца со различен мајчин јазик се разликува од стандардното бугарско образование. По почетокот на воениот конфликт во Украина, наставниците во земјата препознаваат уште посилна потреба од материјали поврзани со дополнителна јазична поддршка за децата од Украина кои продолжуваат со своето образование во Бугарија. Добивме многу прашања за букварот од различни делови на земјата и благодарни сме што со помош на истомисленици и донатори успеавме да организираме печатење на ново издание кое ќе ја поддржи работата на наставниците и учениците“, вели Петко Иванов од тимот на „Заедно на час“ и сајтот prepodavame.bg, кој ја дистрибуира публикацијата.

Што претставува букварот? Комплетот за учење вклучува три книги: буквар за ученик, буквар со насоки за работа на наставници/родители и помагало за изработка на тактилни букви „Моите букви“. Ученичкиот буквар „Читам со Асја и Јавор“ содржи поделба на буквите во шест групи, кои им овозможуваат на децата со различен мајчин јазик полесно да ги разберат и запомнат. Проучувањето на буквите е поткрепено со приказната за два лика, која го привлекува вниманието на учениците. Букварот со насоки за возрасни ги содржи страниците од букварот за ученици и дополнително упатство за наставникот/родителот - кои се целите на секоја задача и вежба, како да се организира итн. Ова го прави лесен за користење од секој наставник, родител, логопед. Помагалото „Мои писма“ е додаток на ученичкиот буквар кој им помага на учениците да ги научат буквите од азбуката со помош на техниките за педагогија на Монтесори и Валдорф, а со тоа им помага на децата полесно и трајно да ги запомнат.

Секоја нарачка на букварот „Читам со Асја и Јавор“ им обезбедува на наставниците дигитална верзија на изданието во пдф и дополнителни корисни материјали создадени од проектот „Дали го разбирате јазикот на училиштето“. Тие вклучуваат: видео курс за работа со деца чиј мајчин јазик е различен од бугарскиот (двојазични); специјализирани дијагностички алатки; прирачник за интегрирана јазична поддршка за ученици од прво до 12 одделение за поддршка по сите предмети; помагалоа „Математика со граматика за прво и второ одделение“ и други.

БТА ____________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан