• вторник, 14 мај 2024

СИРИЗА бара Владата да ги информира партиските лидери за претстојниот Висок совет за соработка со Турција

СИРИЗА бара Владата да ги информира партиските лидери за претстојниот Висок совет за соработка со Турција

Атина, 27 ноември 2023 (МИА) – Во пресрет на Високиот совет за соработка Грција- Турција што ќе се одржи на 7 декември во Атина, извори од СИРИЗА за грчките медиуми коментираат дека Владата треба да ги информира лидерите на партиите за темите за кои ќе се разговара на состанокот, јави дописничката на МИА од Атина.

Изворите од грчката опозициска партија изјавија дека „немаат доверба во Мицотакис“ и токму затоа бараат да бидат информирани. 

Паралелно потсетиле дека пред претходниот состанок на највисоко ниво во март 2016 година бил свикан Советот на политички лидери.

-Во овој контекст ќе побараме јасен одговор за тоа како и во која рамка ќе се одвиваат прелиминарните разговори. Прашање на кое Владата систематски избегнува да одговори, рекле извори од СИРИЗА. ср/

Остани поврзан