• понеделник, 04 ноември 2024

Синдикатот на Клинички со поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО

Синдикатот на Клинички со поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) во државата, дава целосна поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО - УПОЗ, што започна денеска, изјави попладнево претседателот на овој синдикат, Предраг Серафимовски.

- Покачувањето на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати, води до нарушување на моделот за организирање на работните места во групи на сложеност и одговорност на работното место, соодветно на степенот на образование и стекнатите вештини.  Овој модел е основниот принцип на кој се базирани колективните договори, рече Серафимовски.

Како што тој додаде, Синдикатот на Клинички центар - ССКЦ се надева дека УПОЗ ќе се избори во остварувањето на правата на своите членови, коишто им следуваат согласно законите, колективните договори и меѓународното трудово законодавство.

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) стапија во штрајк. Сите подрачни единици, како што беше најавено, денеска нема да извршуваат работни задачи, освен оние најитните.

На прашањето, што од денеска нема да добиваат граѓаните, кои услуги се скратени, Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗО рече граѓаните да не се мачат воопшто да доаѓаат за барање за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за надомест за породилно, за надомест за исплата на боледување, за осигурување во странство, за двојазичните обрасци и така натаму. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан