• недела, 22 декември 2024

Силјановска Давкова: Стручноста и компетноста можат да ја извадат земјата од хаос

Силјановска Давкова: Стручноста и компетноста можат да ја извадат земјата од хаос

Струмица, 10 април 2024 (МИА) - Стручноста и компетенноста можат да ја извадат земјата од хаосот, анархијата, од депресијата во која се наоѓаме. Наградите, признанијата ќе ги добијат оние коишто инспираат, најдобрите, највредните и тогаш сите млади тука ќе сакаат да напредуваат, да учат. Верувајте ми колку повеќе знаете, толку ќе знаете како сето тоа знаење, креација да ја употребите на вистинското место и на вистинскиот начин. Да го запреме егзодусот, да ги убедиме најдобрите да бидат со нас, да бидат до нас, порача кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Струмица.

Додаде дека тие не се анти ЕУ и оти се  за европски стандарди.

Ние географски, историски, културно од секогаш сме дел на Европската унија, на Европа. Ние очекувавме и верувавме дека формирањето на Европската заедница ќе води кон формирање на едно семејство што ќе биде важен фактор во креирањето на светската политика, важен играч во глобализацијата, дека ќе инспирира со стандардите. И затоа кога оценувате кој е за ЕУ,  а кој е против, не верувајте им на празните зборови. Дела се потребни. Добро образование, добро здравство, добра социјална заштита, добра културна политика, истакна Силјановска Давкова.

Таа најави и враќање на народните канцеларии, кои ги отвораше поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.

-Прво, ќе слезам меѓу вас. Како преку народните канцеларии. Ќе ги вратам назад. Мислам дека претседателот Ѓорге Иванов добро направи кога отвори народни канцеларии. И јас во иднина можеби најпрво исто така ќе ги повикам бившите претседатели да ги чујам. Ќе иницирам континуирана соработка со претседателите во регионот. Ние можеме да имаме регионален пристап во било кој начин на каков бил начин Отворен Балкан, економија, соработка , раст итн.  И да си ветиме дека ќе ги помагаме оние зад нас, а нема да ги блокираме со вето. Ако ние не се почитуваме и регионално едни со други, како што тоа го направија во далечната Скандинавија, како да очекуваме поддршка од останатите. Мислам дека тогаш, како што велиме ние во правото, балканскиот човек ќе стане политички човек, бидејќи политиката што се води е катастрофална. Тоа е политиката на кој, кога и како добива. Кој, кога и колку ќе грабне, рече кадидатката за претседател, Силјановска Давкова.

Според неа, политиката не е за вдомување во неа за да може да се посегне по добрата што му припаѓаат на народот и на Македонија. 

-Политиката е за да ги сочувате добрата, за да ги унапредите, за да ги надоградите, за да отворите патишта за просперитет. Така се станува Европјанин, а не последниот воз мораме да го фатиме, а воз нема, пруги нема, железница нема, а вработени има, и тоа извонредно платени. Покрај народните канцеларии ќе ме гледате честопати пред пратениците со должна почит заради вашите гласови кон нив. Одговорно, смирено со почит ќе им укажувам на некои закони за кои мислам дека нема да бидат добри закони, туку се лоши закони. Ако и тоа не помине ќе употребам вето, со аргументи  со упатство, тоа како мислам дека треба да се измени и мислам дека еден умен парламент со умен претседател или претседателка на Парламентот може да посегне и со корекции во законот оти јас нема да го правам тоа затоа што мислам дека сум најпаметна, туку затоа што ќе мислам на тоа дека законите треба да се применливи, да се добри и да важат за сите. 

Додаде дека нејзините предлози за дипломати прво ќе одат пред Комисијата за надворешна политика да кажат што ќе прават надвор, да одговараат на бомбите од прашања на пратениците.

На митингот во Струмица говореа и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и носителот на листата во четвртата изборна единица, Александар Николоски.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно одржаа предизборни митинзи во Василево, Босилово и Радовиш.рт/лв/

Фото: ВМРО ДПМНЕ

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан