• недела, 28 април 2024

Силјановска-Давкова: Политиката мора да биде секогаш и во границите на правото

Силјановска-Давкова: Политиката мора да биде секогаш и во границите на правото

Гостивар, 12 април 2024 (МИА) – Политиката мора да биде во границите на правото, а не обратно правото да им биде потчинето на политичарите рече кандидатка за претседател во обраќањето на митингот во Гостивар и посочи дека таа ќе делегира стручни судии со интегритет во Уставниот суд, дипломатијата и безбедносните служби. Таа вечерва од говорницата ги критикуваше и одлуките на актуелниот претседател и кандидат за нов мандат. 

- Кој не знае, не може да биде во политиката, бидејќи тогаш ќе презема потези и ќе носи одлуки како онаа кога си го потпиша указот за измените на Кривичниот законик, а деновиве кога точно тој закон ја персонифицира, го персонифицира значи хибридниот режим, циклистичниот хибриден режим, јасно е за што станува збор, речe Силјановска Давкова.

Таа напомена дека тоа што е далеку од европски стандард, неуставно, незаконски и не се спречува, тогаш тоа е стимулирањето на криминалот и корупцијата. Според неа, секогаш кога некој молчел, а не смеел да молчи туку требало да биде гласен, затоа што се кршеле македонските и државни национални интереси.

Кандидатката за шеф на државата ја побара поддршката од гостиварци и најави победа.

-Оваа власт е целосно делегитимирана затоа што наместо да ги остварува интересите на граѓаните, наместо да дава одговори соодветни на нивните прашања таа ги трупа прашањата, затоа што потребите интересите за добро здравство, образование, социјална заштита, правна држава независно судство, борба со корупција сè што е копенхашки критериум не остварила. И што сакаат сега повторно, мене не ми е јасно, рече Силјановска-Давкова.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја претстави кандидатката на коалицијата како класичен прототип на горда Македонија.

- Таае  борец во македонскиот парламент која заедно со колегите останаа доследни во борбата за Македонија и не го прифатија бугарскиот диктат, посочи Мицкоски.

Тој зборуваше за владеењето на СДСМ и носењето на одлуки кои биле, како што рече на штета на македонскиот народ.

- Секогаш кога имаме влада од СДСМ има директен удар врз македонскиот идентитет, затоа мора да се потсетуваме да не се заборави, рече Мицкоски.

Тој од говорницата ги критикуваше ДУИ, коалициските партнери на СДСМ во владата и се повика на принципот „како до сега“

- Сакам да предупредам што се случува изминативе дваесет години. Овој принцип значи наместени тендери во четири очи, повеќе имот на семејството на Груби низ Македонија, уште некоја натпревар во раскошните кабинети кои вие ги плаќате, уште некоја нова Соравија, уште некоја нова хациенда, кажа Мицкоски.

Повикувајќи на поголема излезност и до оние што сè уште се неопределени, Мицкоски апелираше дека граѓаните дека имаат можност на 24 април да заокружат број два и оти ништо нема да има од ова „до сега“.

- Така Македонија ќе биде повторно горда, со заокружување на број 2“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на Стево Пендаровски и неговата реторика на средбите со граѓаните и митинзите.

- Пред три дена, Пендаровски ја кажа целата вистина содржана во неговото битие, излезе пред граѓаните и рече – се сеќавате 2019 дека ви реков ќе победиме, и им вели ако не водиме во првиот круг очи не сакам да ви видам. Е тоа е Стево кој немаше да знае каде е Македонија, тоа е тој кој повеќе од 30 години функционира на македонската политичка сцена и е измеќар и слеп послушник“, вели Мицкоски.

Тој му порача на Пендаровски дека народот со заокружување на број 2 на 24 април ќе му помогне да почне со пакување, а на 8 мај веќе да ја напушти Македонија.

Вечерва на митингот во Гостивар зборуваше Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. згм/ев/

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан