• вторник, 14 мај 2024

СЕ: Русија мора веднаш да престане да убива луѓе во Украина

СЕ: Русија мора веднаш да престане да убива луѓе во Украина
Стразбур, 2 март 2022 (МИА) - Советот на Европа преку соопштение побара Русија веднаш да престане со убиствата и страдањата на луѓето во Украина, наведувајќи оти рускиот воен напад сее смрт и уништување во срцето на Европа.- За само неколку дена, војната предизвика смрт или повреди стотици луѓе, меѓу кои и многу деца. Последното гранатирање на градот Харков го откри очигледното непочитување на руските сили на цивилниот живот, при што се убиени и повредени десетици луѓе, а погодени се голем број цивилни цели, вклучително станбени блокови и детска градинка со ненаведувачки проектили и сомнителна касетна муниција, се посочува во соопштението на СЕ. Во соопштението се посочува и дека војната го крши меѓународното право и човековите права и го суспендира хуманитарното право. - На овој масакр мора веднаш да се стави крај пред да се изгубат уште повеќе невини животи и да се направи поголема штета. Руските власти можат да го направат тоа. Тие мора веднаш да го прекинат овој кошмар, се истакнува во соопштението. ми/  

Остани поврзан