• петок, 26 јули 2024

Најмалку 15 повредени во руски напад врз висока зграда во Харков

Најмалку 15 повредени во руски напад врз висока зграда во Харков

Харков, 14 мај 2024 (МИА) – Најмалку 15 лица се повредени во руски воздушен напад врз станбена зграда во центарот на Харков, соопштија денеска локалните власти додавајќи дека меѓу повредените има две деца.

Се уште не е јасно каков вид оружје е употребено во нападот во кој е погоден 10-от кат од 12-катница.

Градоначалникот на градот Игор Терехов изјави дека спасувачите ја пребаруваат зградата во потрага по повредени лица.

Едно лице е примено во болница во тешка состојба, соопшти регионалниот гувернер Олех Синегубов.

Тој додаде дека најмалку десет гаражи биле оштетени во воздушен напад на друго место по што избувнал пожар.

Харков, вториот по големина град во Украина, и регионот долго време се цел на руски напади, но во последните месеци нападите се интензивираа и ја погодија и енергетската инфраструктура. јт/

Фото: Синегубов на Фејсбук

Остани поврзан