• сабота, 18 мај 2024

Се работи на долгорочно решение за случајот со училиштето во Чашка, вели Шаќири

Се работи на долгорочно решение за случајот со училиштето во Чашка, вели Шаќири

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) – Министерот за образование Јетон Шаќири уверува дека се работи на долгорочно решение во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка, каде родители реагираат на одлуката да биде отворена паралелка на албански јазик.

Министерот на денешната промоција на дигитални учебници одговорајќи на новинарско прашање информира дека е во постојана комуникација со директорите на училиштата во Чашка и дека се работи на долгорочно решение.

Тој воедно алармира родителите да имаат предвид дека за непуштање на дете во училиште има ригорозни законски мерки.

-Има ригорозни мерки, затоа што според законот родителите кои не ги пуштаат децата во училиште подлежат на одговорност, затоа што станува збор за законска обврска, услови во училиштето има затоа да не бидеме ригорозни со мерките да имаат разбирање родiтелите да се заврши ова и да се најде заедничко решение, посочи Шаќири по промоцијата на дигитални интерактивни учебници за четврто, петто и шесто одделение. свс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан