• петок, 17 мај 2024

Се одржа јавна расправа за буџетот на Општина Тетово, граѓаните бараат подобра инфраструктура

Се одржа јавна расправа за буџетот на Општина Тетово, граѓаните бараат подобра инфраструктура

Тетово, 22 декември 2022 (МИА) - Граѓаните на Општина Тетово присутни на денешната јавната дебата за предлог-буџетот на општината за 2024 година претежно бараа да се решат инфраструктурни проблеми во нивните населби. Малкумина граѓаните кои беа присутни на настанот побараа да се реконструираат нивните улици, да се изгради канализација, да се подобри снабдување со вода, да има повеќе зеленило и слично.

- Улица и населбата 101 во Мала Речица има потреба да се сменат цевки од канализација и да има отворен канал, сме поднеле ние и порано писмено барање, нема одговор. Станува збор за само 150 метри, сметаме дека нема да биде големо оптоварување за буџетот, посочи жител од ова место.

- Во нашата населба бараме да се прошири улицата, истакна жител од Горна чаршија

- Во Порој има потреба за повеќе интервенции, тие се проблеми од порано и никако да се решат. Мора да се направи канализација, зошто без тоа попусто е асфалтирање на улиците, рече жител од ова село.

Дел од нив добија одговори веднаш од раководителите на секторите или општинските одделенија, а некои беа упатени да поднесат и официјални барање до општинската архива.

Во предложениот буџет на Општина Тетово за 2024 година планирани се општи приходи во износ од една милијарда 911 милиони, 571 илјада денари додека општи расходи од една милијарда, 911 милиони и 817 илјади денари со дефицит од 246 илјади денари.

- Буџетот не се прави како порано во канцеларии со затворени врати, туку е отворен и транспарентен процес, ги прифаќаме забелешките и предлозите на граѓаните и заедно го составуваме буџетот. Имаме предвидено средства за образование, инфраструктура, уметност, спорт, култура и сите други области неопходни за подобрување на животот на граѓаните, истакна Бесар Дурмиши, претседател на Советот.

Советот на Општина Тетово за буџетот ќе одржи седница на 28 декември. ас/мд/

фото: МИА 

Остани поврзан