• петок, 12 јули 2024

Се намалила издашноста на планинските извори, Тетово дополнително ќе се снабдува со вода која се презема од реката Лешница

Се намалила издашноста на планинските извори, Тетово дополнително ќе се снабдува со вода која се презема од реката Лешница

Тетово, 11 јули 2024 (МИА) - Јавното претпријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово од денеска почна градот да го снабдува од двата водоснабдителни системи, затоа планинските извори од каде се снабдува стариот систем покажува намалување на издашноста. Поради недостиг на количини на вода од стариот водоснабдителен систем вклучен е и новиот кој вода добива од реката Лешница.

- Поради високите температури се соочуваме и со намалување на издашноста од старите извори на Шар Планина, имаме пад од околу 100 литри во секунда. Од 450 литри колку што произведуваа старите извори пред дваесетина дена, моментално произведуваат 350 литри во секунда. Со 350 литри на овие високи температури коишто се моментално и се очекуваат повисоки дојдовме до констатација дека мора да се интервенираме со пуштање на Лешничкиот систем односно цевководот која ја води вода од река Лешница кон градот Тетово. Така изгубената количина од старите изворите да ја надоместиме и стигнеме на ниво на 450 литри во секунда колку што може и да прифати системот на градот Тетово, информираше Љуљзим Шаќири, раководител на Секторот за водовод и канализација.

За проблеми кај граѓаните со повремени прекини во водоснабдување во претпријатието добиле пријави од повисоките делови од градот на ридовите.

Годинава имаме уште повеќе зголемено несовесно користење и трошење на водата за пиење. Би сакала да испратам барање до граѓаните да бидат совесни, затоа што некој нема вода за основни потреби, а се злоупотребува за нешто што е луксуз како што е полнење детски базени, перење возила, наводнување патлиџани, цел ден се троши водата. Барем во овој период сега. Имаме фаза и кога доаѓаат нашите од другите држави, сега се одморите. Имаме интервенирано кај граѓаните им посочуваме тоа да не го прават. Се прави веќе од општината една физибилити студија за водомерите и ќе се постават веројатно водомерите низ цел град. Градот да биде опслужен со водомери и потрошувачката да се мери, истакна Шаќири.

Водата за пиење се губи и поради интервенции на дефекти кои се прават 2-3 пати во текот на еден ден како и три до четири поправки во шахти. По потреба за надополнување на системот деновиве биле приклучувани градските бунари кај болница и кај земјоделското училиште.ас/

Фото: МИА 

Остани поврзан